Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Мозаик

Спиете ли напладне? Еве како тоа влијае на вашето здравје, многумина се во заблуда

Истражувањата покажуваат дека пладневниот одмор има големо влијание врз здравјето.

Научниците знаеја дека доброто спиење е од суштинско значење за целокупното здравје, но според новото истражување, кога повеќе одмарате, тоа може да направи уште поголема разлика.

Една нова студија покажува дека редовниот одмор во попладневните часови исто така може да помогне во нашата ментална подвижност.

Истражувачите проучувале 2.214 здрави луѓе постари од 60 години. Откриле дека 1.534 испитаници рутински спијат попладне, додека останатите 680 останале будни. Додека двете групи спијат во просек по шест и пол часа ноќе, оние што спиеја попладне имаа помеѓу пет минути до два часа дополнителен сон после ручек, пишува Риал Симпл.

Секој учесник, исто така, беше подложен на здравствени прегледи и тестови кои вклучуваа 30 различни мерења на когнитивната сила и функционирање, како што се визуелно-просторни вештини, меморија, распон на внимание, вештини за решавање проблеми, свесност за локацијата и вербални способности. Беше заклучено дека оние што спиеле попладне имале подобри резултати, особено со свесност за локацијата, вербални способности и вештини за меморија.