15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Заев од Бутел: Испорачавме одлични економски резултати, имаме повеќе од 40 странски инвестиции, повеќе од 70.000 нови работни места

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на граѓанската трибина „Најдоброто за мојата општина” во Општина Бутел зборуваше за економските параметри на државата и истакна дека македонската економија е стабилна и дека државата ќе ја продолжи економската агенда која креира нови работни места.

„Имаме повеќе од 40 странски инвестиции во државата, кои што отворија заедно со домашните повеќе од 70.000 нови работни места. Невработеноста од 25% на 15,9 падна. За време на пандемија продолжува да паѓа. Платите за време на пандемија растат, ретко каде во светот се случуваат вакви економски параметри. Вториот квартал го завршивме со 13,1 процент раст на бруто домашниот продукт и продолжува да расте бруто домашното производство. Имаме инвестиции по стотици милиони евра. Вчера ја објавивме 500 милиони евра, пола милијарда ветерници, 69 на кумановско- кривопаланечкиот регион.

Одиме до крајот на оваа година со објава на нови 200 мегавати ветерници и на нови повеќе од 1.000 мегавати фотонапонски централи во државата”, рече Заев во дел од неговото обраќање.

Спонзорирано: