5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Заев од Гази Баба: Не е нормално да трошиш милиони на споменици, туку на училишта и градинки

На отоврањето на градинката во Стајковци, еден жител рече ова го нема ни во светот, му реков така е кога се работи со љубов и кога имате градоначалник како Борис Георгиевски, реконструирана е амбулантата, училишта, а Мицкоски се прашува од каде пари, ние наследивме општини заглавени во долгови и без план за развој, дадовме 50 милиони евра за долгот и 500 милиони евра за проекти, од каде пари, нема неплански проекти, нема криминал и затоа има пари. Ние градиме водоводи, канализации, улици, градинки, училишта, паркови, реализиравме над 7.000 проекти низ целата држава, градиме држава и градиме општини кои се развиваат, го слушаме гласот на граѓаните, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Гази Баба.

-Не е нормално да поставуваш лавови, бикови шмизли, ова се времиња на ведри луѓе,  ние инвестираме во дрвја и паркови, енергетки фасади, булевари, автентична урбана култура, времиња на европски општини. Ти блокираат секаде и на локално и на централно но нивните блокади ќе ги блокира народот, дополни Заев.

Тој посочи дека Северна Македонија е 30 членка на НАТО и чекори кон ЕУ.

-Ја потврдивме нашата земја и македонскиот идентитет и јазик, следен чекор е забрзан економски развој, по вропски терк, предничиме во Западен Балкан.

Развојот на економијата е можен, враќаме пари кај граѓаните, нови инвестиции, повисоки плати, пензии бидејќи државата е тука за граѓаните и за сите општини. А новата инвестицијата од 500 милиони евра во ветерници значи инвестиција во работни места и здрава средина, рече Заев.