Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев во Гази Баба: Одиме кон уште една чиста и голема победа, 22 на 6 избрани во првиот круг 

Да ме чујат сите луѓе,  од истокот, западот, северот, југот и центарот на општина Гази Баба,  имам нешто важно да ви кажам, на 17-ти октомври победуваме, победува Гази Баба, победува Скопје, победува најдоброто во целата држава, наша и татковина и мајковина, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, на трибината “Најдоброто за нашата општина” во Гази Баба.

-Нека се знае, нека се чуе дури до Турбето од скопскиот кадија, поетот и биограф, Ашик Челеби – Гази Баба, по кој населбата и вашата општина го добиле своето име.  Гази Баба гази цврсто, кон уште една чиста, праведна, заслужена и голема победа! И еве вечерва од Гази Баба да ја испратиме и првата проценка за 17-ти октомври на изборите, нашиот политички противник ќе победи во првиот круг во 6 општини, ќе добијат 6 градоначалници, а коалицијата на чело со СДСМ ќе победи во првиот круг со најмалку 22 градоначалници, тоа е 3 ипол пати повеќе. Слушајте ми зборот, добро сум упатен, добро информиран, 22 на 6 во првиот изборен круг!, доплни Заев.

Тој им порача на граѓаните на  Гази Баба дека победата ја заслужуваат повеќе од било кој граѓанин на било која општина на Северна Македонија,  затоа што овде за овие четири години се сработи три пати повеќе отколку последните 23 години на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +