Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на гостувањето во дебатната емисија „24 Анализа“ се осврна и на лажниот патриотизам на власта, оценувајќи дека зад таквата реторика се кријат политички манипулации и недоследности во однесувањето на владејачката гарнитура.

„Она што мистериозно исчезна од Собранието е идејата, предлогот на Мицкоски за двојно државјанство. Од патриот којшто е, ќе нè брани нас од двојни државјанства, утредента излезе премиерот, пазете, изјава дека ќе се повлече предлогот затоа што треба да се консултираат дали е според Уставот. Со тоа стана јасно колку Бугари има во партијата, во Владата и во Парламентот, и потоа се повлече документот. Тоа е она што загрижува. Имаме партија којашто е на власт, чијшто патриотизам е едноставно пропаганда, а со лаги, манипулации и лицемерие ќе се одржува моќта којашто служи за заштита на криминалот. Со една рака ќе мавтаат со знамето дека сме Македонци за да излеземе патриоти, а со другата рака ќе крадат колку што може да се украде. Е, тоа ние ќе го спречиме, ќе се обидеме да го спречиме до крај. И тоа нема да го дозволиме, без разлика на тезите коишто се пласираат итн.“, потенцираше Жерновски.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК