Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Струмичанец со автомобил удрил во малолетен пешак во Кавадарци и побегнал

Малолетен пешак е тешко повреден откако вчера во него удрил автомобил на ул.„Шишка“ во Кавадарци. Според информациите од МВР, по ударот, возачот го напуштил местото.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци.

По преземени мерки од полициски службеници е утврдено дека возилото го управувал А.К.(27) од Струмица, со престој во Кавадарци.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци, а во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

РАСПРАВИЈА ПРЕКУ ТЕЛЕФОНСКА АПЛИКАЦИЈА ЗАВРШИЛА СО УБИСТВО Един Шкријељ – Обвинителството откри детали за ликвидацијата кај Смилковско Езеро

ДЕСК

СТУДЕНТИТЕ СО НЕОБИЧНО БАРАЊЕ – Сакаат да ручаат по цените што ги плаќаат пратениците

ДЕСК

АКО ПАТУВАТЕ ДЕНЕСКА – АМСМ со информации за патиштата и границите

ДЕСК