Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Пописот помина во најдобар ред, забелешките се во промили

Бојкотот не наиде на масовен одзив и добро е што повикувањата на Левица не ја постигнаа целта, сериозно пристапивме на правна анализа за оние кои настапија деструктивно на пописот, ДСЗ ќе направи проценка, а обвинителствотото ќе види како ќе постапи,  рече во гостувањето на „Само интервју“ министерот за правда Бојан Маричиќ.

Изборите се доброволни и незадолжителни, за разлика од пописот кој не е политичка операција туку потребни информации. Ние да имавме нешто да криеме немаше да викнеме претставник на Евростат да врши надзор како се спроведува пописот, методологијата е нивна и првпат не се спроведува од страна на државна пописна комисија, туку ДСЗ и не се прави политичка комисија како порано, туку заводот со стручните лица го спроведува пописот, рече Маричиќ.

Според него целта не е владата да казнува туку сите да бидат попишани.  

Мислам дека успеавме да ја спроведеме добро, по таа методологија и гледаме дека бројката е близу 2 милиони. Информациите се земаат од седум бази кои се појдовна основа за теренскиот попис. Досега теренскиот попис има опфатено 1,9 милиони жители, плус над 200 илјади граѓани регистрирани со самопопишување, појасни тој.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода четворица разбојници во Скопје веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници, следува кривична пријава

ДЕСК

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДС на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави

ДЕСК