Centar.mk
СВЕТ

ЛОНДОН И БРИСЕЛ СО НАЦРТ-ДОГОВОР ЗА ХРАНАТА – Се подготвува намалување на проверките по Брегзит

Обединетото Кралство и Европската Унија усогласиле нацрт-договор што предвидува отстранување на голем дел од проверките и административните трошоци во трговијата со храна и земјоделски производи. Текстот е доставен до земјите членки за разгледување пред претстојниот британско-европски самит.

Предложените олеснувања опфаќаат здравствени и фитосанитарни сертификати, дел од инспекциските надоместоци и други постапки воведени по Брегзит. Британската страна би се обврзала да се усогласува со релевантните европски правила за храната, растенијата и животните.

Нацртот допрва треба да ја помине политичката и институционалната постапка. Најавените олеснувања не значат дека проверките веќе се укинати.

Можеби ќе ве интересира

ПОГОДЕН БОЛНИЧКИ КОМПЛЕКС ВО ХАРКИВ – Украинските власти соопштија за 73 повредени

ДЕСК

ПОЖАРНИКАРИ ОД НАД 15 ДРЖАВИ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТ – Во Брисел ќе бараат подобри услови и координација

ДЕСК

БРИСЕЛ ДЕНЕСКА ДОМАЌИН НА „ЕДНО ЗДРАВЈЕ“ – Заеднички одговор на ризиците за луѓето, животните и животната средина

ДЕСК