Centar.mk
СВЕТ

ПОГОДЕН БОЛНИЧКИ КОМПЛЕКС ВО ХАРКИВ – Украинските власти соопштија за 73 повредени

Седумдесет и три лица се повредени при руски напад врз болнички комплекс во Харкив, според информациите на украинското обвинителство објавени утрово. Ударот се случил околу 03:20 часот по локално време во областа Немишљански, а меѓу повредените има пациенти, медицински персонал и жители од околината.

Погоден бил премин меѓу две болнички згради. Пријавени се оштетувања на болнички простории, друга медицинска установа, лабораторија и прозорци на десет станбени згради. Првичните наоди упатуваат на употреба на наведувана авиобомба, но истрагата продолжува.

Нападот се случил за време на поширок ноќен воздушен удар. Украинските воздухопловни сили соопштија за употребени 289 беспилотни летала и повеќе типови ракети, со погодоци на 23 локации.

Можеби ќе ве интересира

ЛОНДОН И БРИСЕЛ СО НАЦРТ-ДОГОВОР ЗА ХРАНАТА – Се подготвува намалување на проверките по Брегзит

ДЕСК

ПОЖАРНИКАРИ ОД НАД 15 ДРЖАВИ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТ – Во Брисел ќе бараат подобри услови и координација

ДЕСК

БРИСЕЛ ДЕНЕСКА ДОМАЌИН НА „ЕДНО ЗДРАВЈЕ“ – Заеднички одговор на ризиците за луѓето, животните и животната средина

ДЕСК