На 02.11.2026 во 17:18 часот во СВР Охрид е пријавено дека во едно основно училиште во Охрид, две жени на возраст од 24 и 29 години, двете од Охрид, физички нападнале 37-годишна жена од Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.


