11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев од Струмица: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за некаква нова иднина – стара режимска матрица и нова идина не одат заедно

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се расфрлаат со бројки за проекти за некаква нова иднина. Стара режимска матрица, стари режимски кадри и нова идина не одат заедно. Не може луѓе свртени кон минатото да реализираат иднина“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Струмица.

Тој додаде дека Мицкоски повторно зборува за поништување на договорите со Грција и Бугарија со што повторно државата ќе се испокара со сите соседи.

„Ќе продолжат да го делат народот со режимски тактики. Таму каде што застана Груевски со цел да се подрива соживотот за јавноста да се занимава со страв за својата безбедност, за тие да продолжат да крадат“ рече Заев.

Тој додаде дека ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за таква иднина, тогаш тоа е идина во која следува најлошото, а не најдоборот.

„Затоа ред е по седми пат на овие избори да му кажеме на Мицокски ‘Не, благодарам’. Нашите граѓани ја осигураа својата иднина со одговорни кадри кои вложуваат во сегашноста и перспективноста“ кажа Заев.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Расчистено убиството во Струмица, сторителите се лишени од слобода

M T

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

M T

Заев: Божик повикува да продолжиме да ги негуваме заедничките вредности

M T

Заев додели 8500 признанија на здравствените работници

M T

Констатирана оставката на премиерот Зоран Заев, почнуваат роковите за избор на нова влада

M T