Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лажен геометар од Скопје преку измама стекнал околу 50.000 евра

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по чл. 247 од Кривичниот законик, СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Чаир поднесе кривична пријава против Н.М.(50) од Скопје.

Тој од почетокот на 2019 до април 2021 година, со намера да се стекне противправна имотна корист, го довел во заблуда М.М., лажно претставувaјќи се дека работи како геометар и лажно ветувајќи му дека за сума од 3.161.100 денари ќе му овозможи по легален пат да добие државно земјиште на користење, со можност потоа истотото да биде откупено.

Оштетениот му ги дал парите, но откако разбрал дека Н.М. не е геометар и не може да го реализира ветеното, сфатил дека е измамен и го пријавил случајот.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА РАСТЕ – До 13 часот гласале 4.518 граѓани, ДИК со нови податоци

ДЕСК

Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка

ДЕСК

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК