Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Купувале возила, ама не ги плаќале – Кривични пријави за тројца измамници од Скопје

Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево поднесе кривични пријави за сторени кривични дела „измама“ против тројца сторители, и тоа против Н.И.(27), Н.А.(30) и А.А.(32), сите од Скопје.

Имено, Н.И. на 13.04.2021, свесно ја довел во заблуда оштетената С.С.Т. од Скопје, со која усно договориле купопродажба на моторно возило „БМВ 350 Д“ за цена од 2.500 евра, за што пријавениот на оштетената ѝ дал 600 евра и 14.000 денари, по што го зел возилото со договор потоа да го донесе остатокот на парите, но не се вратил и не ги донел парите.

Н.А. и А.А., пак, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на 12/11/2019 година, го довеле во заблуда Г.Р., кој на социјалната мрежа „Фејсбук“ имал оглас за продажба на моторно возило „фолксваген поло“. Тие со оштетениот потпишале и кај нотар завериле купопродажен договор за предметното возило за цена од 5.000 евра, без притоа да му платат, а возилото го продале на трето лице од Охрид за цена од 4.500 евра.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК

ФАЛСИФИКУВАНА ИТАЛИЈАНСКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА ТАБАНОВЦЕ – Кривична пријава против државјанин на Албанија

ДЕСК