Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИвест

Заев: Вкупниот извоз во првите осум месеци во зоните достигна 2,04 милијарди евра, што е за над 50% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 11% во споредба со 2019 и речиси 32% повеќе од 2018 година

Продолжува растот во технолошко индустриските развојни зони. Согласно анализите на ТИРЗ, регистирани се рекордни економски активности во првите осум месеци од 2021 во однос на минатите години, соопшти премиерот Зоран Заев.

– Вкупниот извоз во првите осум месеци во зоните достигна 2,04 милијарди евра, што е за над 50% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 11% во споредба со 2019 и речиси 32% повеќе од 2018 година.

Регистриран е и раст од 7,15% на бројот на вработени споредено со истиот месец лани и бележи стабилно ниво од над 14.000 вработени во компаниите.
Најавени се и нови странски инвестиции во Штип, Кичево и Скопје, со вкупен обем од над 54 милиони евра.

Од почетокот на годината се потпишани или се во фаза на реализација договори за нови инвестиции од речиси 160 милиони евра, соопшти премиерот Заев.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Мицкоски најави намалување на цените на бензинот и дизелот

ДЕСК

Објавена е нова листа на должници со имиња на фирми и луѓе за данок кон државата

ДЕСК

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК