Верувале или не, негата на кожата после туширање е исто толку важна, можеби дури и поважна, отколку самиот туш.
Имено, туширањето има големо влијание врз кожата, од начинот на кој го миете телото до времето поминато под туш. Поради оваа причина, важно е да пронајдете рутина за чистење и хидратација што одговара на вашата кожа.
Не чекајте повеќе од 3 минути
Повеќето жени чекаат предолго откако ќе нанесат хидратантна крема или лосион по туширање, додека некои воопшто не го нанесуваат. По туширање поради пареа и топлина во бањата, порите се шират, па затоа е клучно да се задржи водата во телото со примена на хидратантна крема во рок од три минути, тврди дерматологот Синтија Бејли.
Чекањето подолго од три минути ќе предизвика губење на влага во нашата кожа. Значи, добро е да чувате шише навлажнувач во бањата и да го нанесете веднаш по туширањето за да имате здрава, хидрирана и убава кожа.