Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Еднократна парична помош од Црвениот крст за семејствата на загинатите во Тетово

Црвениот крст ќе им додели еднократна парична помош од по 30.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот кој избувна синоќа во модуларната болница во Тетово за лекување на ковид – пациенти.

„Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш длабоко сочувствува со семејствата на загинатите и повредените граѓани во трагичниот пожар во Ковид Центарот во Тетово кој се случи во вечерните часови на 08 Септември 2021 година. Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе им додели еднократна парична помош во висина од 30.000,00 ден по семејство“, соопштија од Црвениот крст.

Во пожарот загинаа 14 лица, од вкупно 26 пациенти кои се лекувале во болницата. Причините за пожарот засега се непознати. Модуларната болница целосно изгоре.

Можеби ќе ве интересира

РЕДИЦИ ПРЕД АЛТА БАНКА ВО БИТОЛА – Почна исплатата, Итната помош интервенираше кај граѓани

ДЕСК

ПРЕТРЕСИ ВО КУМАНОВО – Обвинителството потврди истрага за изнуда и перење пари

ДЕСК

ЗАКАНИ КОН СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ВО ДЕБАР – Кривична пријава против 52-годишник кој пресретнал службено возило

ДЕСК