8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Царовска во Чаир: Моделот за настава со физичко присуство ќе го одржиме со висока лична и колективна одговорност

Верувам дека моделот за настава кој ќе го применуваме од утре, со физичко присуство за сите ученици со точно утврдени ситуации и случаи кои можат да бидат исклучок, со висока лична и колективна одговорност ќе биде одржлив и нема да дозволиме училиштата да бидат места за трансмисија на заразата, како што не дозволивме ниту минатата година кога работеа со 40% од вкупниот број на ученици, што посетуваа настава во училница.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на ОУ „Лирија“ во општина Чаир, каде заедно со претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Партиција Ди Џовани, првиот вицепремиер Артан Груби и градоначалникот на општината Висар Ганиу извршија увид во условите и подготвеноста на училиштето за прием на ученици од утре.

„На еден ден пред почетокот на новата учебна година, ги привршуваме подготвителните активности за непречен старт и за враќање на сите ученици во училишните клупи конечно после цела година и половина откако започна пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19. Спремноста на институциите на системот, на општините и на самите училишта е на исклучително високо ниво, а воедно значително е зголемена и личната и колективна одговорност, така што верувам дека планот и протоколите кои се усвоени уште пред 2 месеци и доставени до училиштата, целосно ќе се почитуваат, во интерес на учениците, на наставници и воопшто во интерес на јавното здравје“, рече Царовска.

Царовска истакна дека со денешната посета на Чаир се уверила дека и во оваа општина училиштата се подготвени целосно за новата учебна година.

„Раководствата ги имаат набавено сите потребни нагледни средства за квалитетна настава согласно насоките од МОН, обезбедени се средства за дезинфекција, лична хигиена и безбедна настава, учебниците се дистрибуирани навремено од страна на Педагошката служба и од утре веќе достапни за учениците“, потенцираше Царовска, додавајќи дека очекува утре наставата да започне секаде според планираното и како што рече, конечно да се овозможи нормализирање на воспитно – образовниот процес чиј квалитет и тоа како е важен за создавање на нови и подобро подготвени генерации млади.

Првиот вицепремиер Артан Груби изрази целосна поддршка на реформата на образованието.

„Знам дека има критики, знам дека има поразлични размислувања, но сето тоа придонесува за уште поуспешни решенија, затоа што и прифаќаме дел од критиките и од забелешките. Тоа што недостасуваше беше храброст за да се пристапи кон темелна реформа во образованието, за којашто имаме очајно потреба“, рече Груби.

Претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани укажа дека лани во државата 52 недели отсуствувала настава со физичко присуство, додека во Европа само 24 недели и дека треба да се компензира изгубеното и училиштата да бидат отворени за учениците.

„Сите препораки што беа дадени веќе се аплицирани во училиштата во земјава и ќе се спроведат. Мислам дека сме подготвени. Иако дигиталното учење и онлајн учењето е многу добра алатка за учење, никогаш не беше предвидено да стане единствена алатка за учење. Свесна сум дека родителите се згрижени дали нивните деца ќе успеат да ги спроведат сите мерки. УНИЦЕФ минатата година направи студија која покажа дека 88 отсто од родителите рекоа дека наставата којашто се одвиваше во училниците беше спроведена според прописите. Тешко е, но ни останува нам возрасните да бидеме пример за децата во спроведувањето на мерките за претпазливост“, рече Ди Џовани.

Можеби ќе ве интересира

Собранието е повторно отворено за посети со физичко присуство

M T

СДСМ: Наставата почна, тоа е најважно за децата, прекинот на штрајкот дава шанса на дијалогот

M T

Влада: Штрајкувачите да не се донесуваат во заблуда, наставата и преговорите да продолжат

M T

СДСМ: Со дијалог дa се дојде до решение и да не се дозволи пролонгирање на наставата

M T

СДСМ: Прекинот на наставата е на штета на децата, СОНК да се врати на дијалогот

M T

Шаќири: Приоритет е враќањето на учениците на настава, покачување на платите ќе има

M T