11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНО

600 првачиња во основните училишта во општина Центар

Општина Центар ги отвори вратите за 600 првачиња што ќе посетуваат настава со физичко присуство во новата учебна година.

Во согласност со насоките од Министерството за образование и наука и препораките од Комисијата за заразни болести, Општина Центар е подготвена за успешен и безбеден почеток на новата учебна година. Општинските училишта располагаат со неопходните капацитети за доследно почитување на протоколите и за примена на потребните безбедносни и хигиенски мерки за учениците, наставниците, стручните и административните служби за непречено одвивање на наставата со физичко присуство.

Обезбедени се нови дидактички материјали за првачињата што се во согласност со новата Концепција за образование за спроведување на новите наставни програми за прво одделение, како и подароци за сите првачиња на територија на Општина Центар. Првачињата ќе добијат пакет школски прибор и бонтон за деца, како дел од кампањата „Среќно прваче“, донација од општествено одговорната компанија Халкбанк А.Д. Скопје и Центарот за визуелна комуникација Ефектива. Илустрациите што се на материјалите се дел од проектот „Сликовницата на Халки“.

Општина Центар ги презема потребните превентивни мерки за безбеден тек на наставата со физичко присуство во осумте општински основни училиштата во Центар. Училиштата се дезинфицирани пред почетокот на учебната година, а обезбедени се и потребните дезинфекциони средства и бесконтактни топломери. Поставени се локатори за движење на учениците, табли со инструкции и едукативни постери.

Утре, на 1 септември, општинските основни училишта на територијата на Општина Центар официјално ќе почнат со настава со физичко присуство за сите ученици од прво до деветто одделение.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Грковска на свечен прием за првачиња: Да бидете љубопитни и да прашувате, образованието е една од најважните инвестиции во животот

M T

Украина: Силна експлозија одекна во центарот на Мелитопол

M T

Четворица цивили загинаа во руски напад врз центар за помош

M T

Во Центар поставена првата еко-новогодишна елка

M T

Општина Центар распиша јавен повик за ангажирање на невработени лица од општината во рамки на проектот „Образование за сите“

M T

Герасимовски: Ве повикувам да ја потврдиме победата за Центар да продолжи напред

M T