8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕИЗБОР

Лесен начин да се ослободите од негативните мисли: Трикот е во изборот на храна

Ако сте еден од оние кои се чувствуваат депресивно овие денови, што не е невообичаен проблем, време е да јадете почесто риба и морска храна, особено туна.

Новото истражување покажа дека рибите ја намалуваат депресијата за 25 проценти, но само кај жените. Научниците издвоија туна, и таа треба да биде на чинија најмалку двапати неделно.

Врз расположението на мажите, рибата, за жал, нема позитивен ефект. Една студија објавена во American Journal of Epidemiology вели дека омега-3 масните киселини имаат посебно влијание врз жените поради хормоните естроген и прогестерон, односно мозокот функционира подобро.

Рибата има позитивен ефект врз депресијата

Истражувачкиот институт Мензи во Австралија следеше 1.400 жени на возраст од 26 до 36 години, пет години. Забележувале што јаделе и како се чувствувале.

Дури и со фактори како што се пушењето, вишокот килограми, вежбањето, консумирањето алкохол, образованието и работниот статус, сепак се покажа дека рибата има позитивен ефект врз депресијата.

Можеби ќе ве интересира

Два хороскопски знаци ги очекува вистинска среќа до крајот на годинава

ДЕСК

Дневен хороскоп за 8 октомври 2025

ДЕСК

Доаѓаат неочекувани пари за еден хороскопски знкак

ДЕСК