8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Го бараа со денови: Mлад актер пронајден мртов во близина на колеџот

Актерот Метју Миндлер (19) беше пронајден мртов во близина на колеџот во кој одел.

Исчезнувањето на младиот актер, познат по улогата во комедијата „Нашиот брат идиот“, беше објавено во средата, откако тој не се врати во студентскиот дом на Универзитетот Милерсвил, каде што студирал. Неговиот колега последен пат го видел во вторникот вечерта додека одел кон паркингот во кампусот, пренесуваат вестите на Ен -Би -Си.

Неговото тело е пронајдено во близина на факултетот, но причината за смртта се уште не е соопштена.

Миндлер стана познат по улогата во комедијата „Нашиот брат идиот“, и глумеше уште во неколку филмови и серии пред да одлучи да се посвети на студиите.

Можеби ќе ве интересира

Комбето на бендот „Амадеус“ се преврте, сите биле внатре (ФОТО)

ДЕСК

Ќерката на Чарли Шин тврди дека сакале да ја киднапираат: „Тој нè набљудувал постојано“

C +

Ѕвездата од „The Walking Dead“ почина: Имаше само 33 години

ДЕСК