Членот на Републичката изборна комисија на Србија, Душан Динчиќ, ги повика српските државјани кои живеат во странство навреме да се пријават за учество на претседателските избори закажани за 27 декември.
Бројот и распоредот на избирачките места во странство ќе зависат од интересот на гласачите и од организациските услови во земјите во кои живеат.
Навременото пријавување треба да им овозможи на надлежните институции да обезбедат потребни дозволи и да го организираат изборниот процес.


