Еврокомесарката за проширување Марта Кос оцени дека Албанија би можела да се приближи до завршување на пристапните преговори до крајот на 2027 година.
Доколку реформите продолжат според планираната динамика и земјите членки дадат согласност, пристапниот договор би можел да биде потпишан во 2028 година, а членството да се реализира до 2030 година.
Албанскиот премиер Еди Рама нагласи дека станува збор за процес без гарантиран датум, кој зависи и од одлуките на сите членки на Европската Унија.


