Centar.mk
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСИЗБОР

Гоце Георгиевски: 200 милиони денари назад кон над 40.000 земјоделци, во тек е распределба на картички за зелена нафта

Прес-конференција на Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ:

Грижата за земјоделците и земјоделството останува еден од врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

За тоа сведочи мерката „зелена нафта“, која е една од најзначајните мерки која ја ветивме за земјоделците и ја остваруваме во континуитет, веќе трета година по ред.

Како одговорна власт, го субвенционираме најголемиот трошок во земјоделското производство, а тоа е нафтата за земјоделската механизација.

Оваа година како и лани, државата субвенционира 50% од трошокот за нафта, што на земјоделците им дава можност да точат гориво за цена која е половина поевтина од пазарната.

Над 40.000 земјоделци или точно 40.620 земјоделци ќе добијат картички за зелена нафта, а вкупната вредност на оваа мерка е 200 милиони денари или близу 3,2 милиони евра,

Ова се сериозни средства кои завршуваат назад кај земјоделците токму во време кога имаат најмногу активности на поле.

И покрај сите предизвици предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, успеавме да го заштитиме земјоделскиот сектор. За нас зборот е збор и успеваме да исполниме се што ветивме пред граѓаните.

Досега исплатени се околу 84% од предвидените средства за субвенции, а започната е и распределбата на картичките за зелена нафта низ целата држава.

Дадовме ветување дека до 2024 година, висината на поддршката за “зелена нафта ќе достигне до 100% и тоа ќе го реализираме.

Инвестициите ќе продолжат со засилено темпо и во наредниот период за да бидеме конкурентни на светските пазари и за да можеме партнерски да го делиме постигнатиот успех.

СДСМ и понатаму продолжува да го трасира патот кон развиено земјоделство и подобрени услови за земјоделците.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК