Лидерите на израелската опозиција денеска одржаа прва заедничка средба по парламентарните избори и се согласија да го поддржат Гади Ајзенкот за премиер. На состанокот учествуваа и Нафтали Бенет, Авигдор Либерман, Јаир Голан и Јаир Лапид.
Поддршката меѓу опозициските лидери сама по себе не обезбедува влада. Нивниот блок има 48 од вкупно 120 пратенички места и му е потребна дополнителна поддршка за мнозинство од најмалку 61 пратеник.
Претседателот Исак Херцог треба да започне консултации со парламентарните партии во среда. Дотогаш нема одлука кому ќе му биде доверено составувањето влада.


