Во бугарската општина Шабла е прогласена делумна вонредна состојба поради поплавувањата предизвикани од обилните врнежи. Одлуката е донесена по состанок на кризниот штаб, во пресрет на очекувани нови дождови.
На одделни места биле измерени до 250 литри дожд на квадратен метар за 24 часа. Надојдените води поплавиле дворови и предизвикале превентивна евакуација на 16 лица.
Според локалните информации пренесени од БНТ, нема повредени. Иако водата на дел од местата се повлекува, службите остануваат во готовност поради најавата за дополнителни врнежи.


