Без да има ниту една фотографија на официјалниот профил на српскиот претседател Александар Вучиќ измина неговата денешната средба во Белград со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Единствената фотографија која осамна на социјалните мрежи на Мицкоски, на која е заедно со претседателот Вучиќ, датира од пред две години.
Фотографијата која Мицкоски ја објави како слика од денешната средба, датира од февруари 2019 година. Во партиското соопштение и објава на Мицкоски исто така може да се забележи дека тој користи извадоци од говорот на премиерот Зоран Заев на Економскиот форум за регионална соработка.
Мицкоски се пофали дека заедно со српскиот претседател зборувал дека иднината на регионот не е во градење на зидови, туку мостови кои ќе донесат подобар и побогат живот за сите, посочувајќи дека европското интегрирање треба да биде акцелератор на тие процеси. Воедно, на средбата било потенцирано дека иницијативата „Отворен Балкан“ воопшто не го оспорува стратешкиот интерес на земјава, односно членството во Европската унија.
Од она што може да се забележи на профилите е дека српскиот претседател Александар Вучиќ денот го поминал на локацијата каде се одвиваат градежните работи за изградба на нов Клинички центар во Белград. Мицкоски, освен фотографијата која е стара две години, нема споделено нова фотографија со Вучиќ, но на профилот на неговиот коалициски партнер, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, може да се забележи дека двајцата биле на изградбата на станбени и деловни објекти, во рамки на проекто „Белград на вода“.
Претходно Мицкоски сподели дека заедно со претседателот на Српската напредна странка, Александар Вучиќ, ја закакнуваат соработката, особено во делувањето во рамки на Европската народна партија, каде и двете центар-десничарски партии се членки.
Дополнително, ниту ПР-службата на претседателот на Репубика Србија, не објавија никаква информација за денешната средба со лидерот на македонската опозиција, Мицкоски.