9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Партијата на Вучиќ ни збор за средбата со Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се фали со стара слика

Српска напредна странка, на српскиот претседател Александар Вучиќ не објави ниту еден збор за денешната средба на лидерот на СНС и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

За средбата на Мицкоски и Вучиќ, преку социјалните медиуми се пофали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, притоа објавувајќи фотографија стара повеќе од две години.

Фотографијата која стои на објавата на Мицкоски и партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ датира од февруари 2019 година.

Како што објавија од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средбата со Вучиќ разговарал за регионалната соработка. Меѓутоа во текстот на соопштението се користат извадоци од говорот на премиерот Зоран Заев од Економскиот форум за регионална соработка што се одржа во Скопје.

Токму на тој форум, иницијативата за економско регионално поврзување го доби името „Отворен Балкан“, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во објавата не го користи тоа име за регионалната иницијатива и го користи терминот „мини шенген“.