10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ставајќи ги под контрола страшните пожари, државата покажа дека може да се снајде во криза

Сите институции реагираа навремено во справувањето со огнените стихии кои зафатија голем дел од територијата на Северна Македонија во последните денови. Со тоа се покажа дека системот функционира и дека сите надлежни институции се активни на терен.

Безбедноста на граѓаните беше ставена на прво место при интервенциите за гасење на страшните пожари. Со брзата интервенција на службите и одличната координација од страна на Центарот за управување со кризи, пожарите беа ставени под контрола без ниту една жртва, со минимални материјални штети.

„Нека гори се, само сите да се живи и здрави. Затоа како ЦУК целосно ќе бидеме фокусирани на луѓето, а потоа на материјалните добра. Изгорени се само два покриви на куќи, неколку возила, но најважно е што нема жртви. Дрвјата ќе пораснат повторно, крововите ќе се санираат, но човечкиот живот нема да се врати“ кажа директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов објаснувајќи дека фокусот треба да биде ставен првично на луѓето, а потоа на материјалните добра.

Навремената реакција на институциите и солидарноста на општините и другите институции покажаа дека системот функционира и дека државата добро се снаоѓа во криза. Премиерот Зоран Заев најави и сите пожарникари кои учествуваа во борбата со огнената закана ќе бидат наградени.

Спонзорирано: