Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прослава на Илинден на Мечкин Камен во Крушево

Денеска се празнува 2 Август – Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.

Централната свеченост ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево, со почеток во 18 часот со полагање цвеќе од претседателот Стево Пендаровски и бројни делегации.

Во продолжение ќе следува културно-уметничка програма на која ќе настапат Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, Ансамблот на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија, Влатко Стефановски и настап на воениот оркестар на Армијата. Во рамки на културно-уметничката програма, Никола Ристановски ќе одржи пригодна реч со пораки за Илинден.

Пред централната свеченост на Мечкин Камен, во 10:20 часот во Крушево, претседателот Пендаровски ќе присуствува на панихида за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“, ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев и ќе присуствува на програма подготвена од баталјонот за почести на Армијата пред споменикот „Македониум“. Претседателот Пендаровски ќе ги предводи делегациите на полагањето свежо цвеќе и на Споменикот на хероите на месноста „Слива“.

Делегации од Кабинетот на претседателот ќе присуствувааат на чествувањата по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Скопје, Пелинце и во Смилево.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се излизга – Лефков фатен во обид да исфабрикува скандал со лажна фотографија

ДЕСК

Во Детска клиника донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот

ДЕСК

Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гаснење на шумските пожари во Македонија

C +