Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Даниела Колева: Раст на просечната плата од 8,8 отсто, македонската економија е стабилна и развојна

Прес-конференција на Даниела Колева, пратеничка на СДСМ:

Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат реални резултати потврдени со официјални економски податоци.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена во месец мај изнесува 28.721 денари.

Тоа е зголемување од 8,8 отсто споредено со месец мај 2020 година.

Просечната плата забрзано се движи кон 30.000 денари, што дава за право да веруваме дека до крајот на мандатот ќе го реализираме нашето ветување за просечна плата од 36.000 денари.

И во време на пандемија и светска и здравствена криза, и во време на пост ковид периодот, растот на платите не стагнираше, туку тие продолжија да растат во сите сектори.

Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активности во Индустриските зони и пад на невработеноста на историски најниско ниво.

Сето тоа се податоци кои покажуваат дека македонската економија е на стабилни основи, дека е развојна, динамична и конкурентна.

СДСМ е партија посветена на интересите на граѓаните, на унапредување на нивниот животен стандард.

Затоа, продолжуваме со мерки и политики кои градат силна и стабилна економија која носи шанса за сите.

Можеби ќе ве интересира

NVIDIA СЕ СООЧУВА СО НОВА КРИЗА – Управниот одбор разгледува чувствителни обвинувања

ДЕСК

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ПОМАГА ВО СОЗДАВАЊЕ ЛЕКОВИ – Нов инвестициски фонд

ДЕСК

ANTHROPIC СЕ ПОДГОТВУВА ЗА БЕРЗАТА – Компанијата би можела да вреди над 1.400 милијарди долари

ДЕСК