6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Зголемената економска динамика во Технолошко индустриските зони е е силна потврда дека економијата е стабилна и се движи во добар правец

Соопштение на СДСМ:

Владата предводена од СДСМ континуирано реализира успешни економски политики кои придонесуваат економијата да се развива со засилено темпо, а последиците од коронакризата конечно да станат минато.

Една од последните потврди за тоа е и економската активност во Технолошко индустриски зони, која во вториот квартал од годинава е на највисоко ниво во последните четири години.

Официјалните податоци говорат дека во вториот квартал од 2021 година, извозната активност во индустриските зони достигна 763 милиони евра, што е за 140% повеќе од истиот период во 2020 година, додека во однос на 2018 година порастот е околу 27%.

Во споредба со изминатите 4 години извозната активност и во јуни оваа година е највисока на месечно ниво и достигна ниво од 239 милиони евра, поточно за 25 милиони повеќе од истиот месец од 2020 година.

Паралелно, продолжува и растот на новоотворени работни места во ТИРЗ-овите. Во јуни е регистриран зголемен број на работни места од над 7% споредено со истиот месец минатата година.

Очекувано е ваквиот нагорен тренд да продолжи и во наредните месеци со оглед на интензивните преговори за нови инвестиции од постојни, но и нови странски и домашни компании.

Една од нив е и новата инвестиција на канадската компанија Магна, презентирана неодамна, која од првично најавените 15 милиони евра сега е зголемена на близу 40 милиони евра, со над 1.200 нови работни места.

Одговорниот, правичен и инклузивен пристап во привлекувањето странски инвестиции дава очигледни резултати.

Бележиме отворање постојано отворање на нови и добро платени работни места и историски пад на нивото на невработеност.

Продолжуваме со економски мерки и политики што обезбедуваат економски раст и развој и повисок животен стандард за сите.

Можеби ќе ве интересира

Се воведува формално образование во здравствени установи, учениците на подолго болничко лекување повеќе нема да губат настава

ДЕСК

ПОВТОРНО ДОАЃА ТОПЛОТЕН БРАН: Температурите ќе достигнат до речиси 40 степени, а синоптичарите објавија ажурирана четиридневна прогноза

ДЕСК

Вчера претрес во Кисела Вода запленет кокаин

ДЕСК