Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.873 тестирање, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-19:
Тетово – 4, Скопје и Струмица – по 3, Куманово – 2, Прилеп, Гостивар,Охрид и Струга – по 1.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Куманово и Кратово – по 1.
Не се регистрирани починати пациенти.
Направени се 2.873 тестови преку: ИЈЗ-118, ЦЈЗ Скопје-20, ЦЈЗ Битола-30, ЦЈЗ Прилеп-63, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово–13, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–14, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-193, Биотек-138, Систина-80, лабораторија Лаор-122, Синлаб-63, Ремедика-15, Плодност–18, Генеа–1, Никоб лаб-457, ВФВ Медикал-35, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1399.
Досега во земјата се направени вкупно 894.904 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројката на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 142.