13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска:Студентите од октомври ќе добиваат финансиска поддршка засубвенциониран оброк

Студентите од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран студентски оброк. Средствата ќе се уплаќаат директно на лична сметка, со што ќе имсе даде можност освен во угостителски објекти да ги користат и во маркетите. Оваа новина е предвидена поради пандемијата и евентуалните рестриктивни мерки на есен, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување во Утрински брифинг. „Ако порано имаше обврска да се трошат само кај одредени угостители кои се регистрирани во министерството, сега финансиските средства одат кај студентите, секако со препорака да се користат за набавка на храна. Можеби сега мерките се релаксирани, но не знаеме што ќе се случува во септември, октомври, ноември, декември кога студентите ќе треба да го добиваат овој додаток, а замислете рестораните се затворени и работат само продавниците. Со законските измени овозможуваме ова право да се оствари независно од пандемијата и тие да може да сиобезбедат оброк и од маркетите“, рече Царовска. Министерката потенцираше дека студентите се задоволни од ова решение кое е прифатливо за нив, а државата дури и во услови на пандемија покажува грижа и дава можност за искористување на средствата кои се наменети за студентите. Финансиската поддршка за субвенционираниот студенстки оброк на месечно ниво изнесува 2.400 денари. Проекциите за 2021/2022 година се дека ќе го користат околу 40.000 студенти, за што се обезбедени средства во буџетот на МОН.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ВАКВИ ОБРОЦИ – Пет најлоши навики за појадок поради кои стареете побрзо

M T

Не секој сака да пие млеко: Со помош на неколку вкусни оброци ќе го надополните калциумот како од шега

M T

Уживајте во малку темно чоколадо пред спиење: Четири вечерни оброци за подобро расположение

M T

Се бараат студенти за возење метро во Виена

M T

Јетон Шаќири е новиот министер за образование и наука

M T

Министерот Спасовски заедно со студентите од Факултетот за безбедност на академско онлајн кафе дружење

M T