Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Конечно освежување: Meteocentar со детална прогноза за следните четири дена

До четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен.

Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во петок и во деновите од викендот ќе има намалување на температурите и локален дожд со ретки грмежи.

Инаку денес ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. УВ=9

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен и југоисточен правец. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. УВ=9

Прогноза за 01.07.2021
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 40°C
Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. УВ=9

Прогноза за 02.07.2021
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 38°C
Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Попладне, особено во северните и источните делови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 03.07.2021
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 36°C
Сончево со мала до умерена локална облачност и малку посвежо. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Околу пладне ќе има локални врнежи од дожд. УВ=8

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК