Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пешак завршил со тешки повреди откако во него удрило патничко возило на патот Битола-Ресен

46 годишен пешак од Прилеп завршил со тешки телесни повреди откако вчера во него удрило патничко моторно возило на патот Битола-Ресен.

За случката од МВР дообјаснуваат дека вчера во 19.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Ресен, патничко моторно возило „форд фокус“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(26) од Битола, удрило во пешак Г.Р.(46) од Прилеп.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Битола.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

Почнува реконструкцијата на Универзална сала

C +

Следува период на променливо облачно и посвежо време

C +

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК