Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕХНОЛОГИЈА

Министерот Шаќири: Насекаде сме каде што се зборува за дигитализацијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, учествува на настанот, Глобален систем за мобилни комуникации (GSMA), организиран од Mobile World Capital Barcelona.

Главните теми на овој настан се:

• Технологија за поврзување
• Креативна технологија
• Општеството на иднината
• Startup иновации
• Индустрија на технологијата за поврзување
• Вештачка интелигенција
• Безбедност на мрежи

GSMA MWC Барселона е многу голем настан, на кој присуствуваат претставници на многу министерства од различни европски земји и најголемите и најмоќните компании кои се дел од индустријата за електронски комуникации. За време на оваа посета, министерот Шаќири ќе одржи бројни билатерални средби и средби со претставници на најголемите компании од индустријата за електронски комуникации. Целта на оваа посета е размена на искуства, со цел забрзување на процесот на дигитализација на јавната администрација во Република Северна Македонија. Покрај скратувањето на времето, имаме за цел да го зголемиме и квалитетот на услугите што ги обезбедува државната администрација

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +