Centar.mk
фотографија: Центар.мк
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

Следува период на променливо облачно и посвежо време. Утре и во четврток ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 60 km/h). Во петок кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени.

Прогноза за 09.04.2026
Минимална температура: -2°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 19°C

Променливо облачно и посвежо. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 10.04.2026
Минимална температура: -3°C до 6°C
Максимална температура: 9°C до 17°C

Променливо облачно и посвежо. Во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Прогноза за 11.04.2026
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК