Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почнува реконструкцијата на Универзална сала

Министерството за култура и туризам соопшти дека започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала во Скопје.

Оттаму информираат дека постапката за избор на изведувач е успешно заокружена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одбила како неоснована жалбата на економски оператор и го потврдила изборот на најповолна понуда.

Со тоа, како што наведуваат, се отстранува последната правна пречка за почеток на градежните работи.

Се посочува дека со решението е потврдена Одлуката за избор на најповолна понуда од 23 март 2026 година и е избран конечен изведувач на проектот.

Проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата треба да заврши до декември 2027 година.

Од Министерството наведуваат дека ова е клучен проект во рамките на подготовките на Скопје за титулата Европска престолнина на културата 2028.

Со реконструкцијата, Универзалната сала ќе добие модерна и функционална културна институција, наменета за театарски претстави, концерти, фестивали и други културни настани./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК