Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Додека цела Македонија е како под сач, на ова место во земјава истура дожд

И додека Македонија ги живее најтоплите денови оваа година со температури кои надминуваат и 40 степени, а делови од земјава се во жолта и црвена фаза, на овој дел од Македонија му дојде вистинско освежување силниот дожд.

Камерата на Centar.mk попладнево околу 15 часот и 10 минути забележа појава на силен дожд и нестабилна маса во кавадаречкиот регион на патниот правец пред Плетвар.

За нестабилна облачна маса во централниот дел на земјава, со движење кон југоисток беше забележана во кавадаречко-прилепскиот регион.

Од УХМР известуваат дека и натаму ќе имаме многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Согласно очекуваните вредности на територијата на цела Македонија е активирано портокалово, а во јужно-вардарскиот регион и црвено ниво за опасност од високи температури кои го зафатија регионот.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК