Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Се укинува акцизата од 3 денари, а се воведува еколошка такса со која ќе се подобрува екологијата

„Акцизата на дизелот од три денари сега се укинува и се заменува со три и пол денари еколошка такса. Акцизата веќе ја нема, а имаме еколошка такса со која ќе се собираат пари во зелен фонд за подобрување на екологијата“ кажа премиерот Зоран Заев во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Целта е час поскоро да ги замениме јаглените термоелектрани со обновливи извори на енергија. Доколку сакаме чист воздух и екологија, државата мора да интервенира. Токму затоа воведувањето на еколошка такса е за формирање на еколошки фонд и праведна транзиција“ рече Заев.

Тој додаде дека со таксата од три и пол денари ќе бидат опфатени дизелот, бензинот и мазутот, додека за безоловниот бензин таа ќе изнесува 3 денари.

„И покрај тоа цената на нафтата остнува најниска на целиот европски континент. Граѓаните велат дека е должност на државата да се стави во заштита на здравјето. Тоа го правиме, правиме покачување на цените на фосилните деравати и испраќаме порака за одвраќање од користење поради екологијата. Собраниете пари од таксата ќе одат за проекти за зелената агенда“ рече Заев.

Тој додаде дека државата исто така работа на отворање на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори и дека планот е до 2028 година целосно да запре производството на струја во јаглените термоцентрали.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК

Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25 проценти од предвидените за 2026 година

C +

Муцунски: Нашата задача е да бидеме предвидлив партнер на Европската Унија, но таква предвидливост очекуваме и од земјите членки

C +