9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Пријавувањето на корупција е најпатриотски чин

„Ние сме решени да одиме до крај во борбата против корупцијата. Што повеќе успееме во тоа, ќе имаме поглем економски раст. Ги повикувам граѓаните секогаш да пријавуваат корупција, бидејќи тоа е најпатриотски чин“ рече премиерот Заев во гостувањето на „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Фала Богу е слобода и луѓето зборуваат јавно на темите за корупција. Тоа го поздравувам, бидејќи е исчекор за отвореноста и отчетноста, која никој не може да ја негира. Денес сите се еднакви пред законот, без разлика дали припаѓаат или не на некоја партија“ рече Заев.

Тој додаде дека извршната наредба на претседателот на САД, Џо Бајден е мерка од помош во борбата против корупцијата.

„Фокусот на наредбата е борба против корупцијата. Тоа не е само заложба на Владата и Собранието, туку и на нашиот најголем стратешки партнер САД. Тие ставаат фокус на тоа и кажуваат дека сите кои се корумпирани, ќе се поврзат со корупција, ќе бидат на црната листа за патување во САД и ќе им бидат замрзнати средства доколку имаат таму“ рече Заев.

Тој додаде дека се прават одлучни чекори во дигитализацијата и ќе се намалуваат документите кои мора да се вадат физички.

„До крајот на годината ќе се стопира издавањето на документи како државјанство, изводи, одобрение за градба веќе и сега се издава електронски. Во моментов 2 милиони документи месечно се издаваат електронски во земјава, а целта за 2022 година е да стигнеме до 20 милиони“ рече Заев.