Министерот за грижа на селата Милан Кркобабиќ на 28 јуни на Видовден изјави дека ќе биде распишан конкурс за доделување на селски куќи на млади брачни парови и навел дека државата за откуп ќе дава и до 1,2 милиони денари.
Кркобабиќ рекол дека во Србија има околу 200.000 напуштени селски куќи кои се на располагање на земјоделците и младите кои сакаат да останат да живеат на село.
„Владата треба да ја усвои програмата за доделување на средства, а очекувам јавниот повик да биде на Видовден, ќе биде тоа убава симболика. Сакаме луѓето од Косово, од јужна Србија, Црна Трава да не заминуваат за Белград и подалеку, туку тој пат да оди во обратен правец, да се обидеме да ги задржиме“, рекол Кркобабиќ.
Навел дека има голем интерес за откуп на селски куќи и дека единствен услов е брачните парови да имаат до 45 години.
„Сакаме куќи да добијат оние кои навистина сакаат да живеат во нив. Нека земјоделците се распрашаат дали има празни куќи во нивните краишта, а локалната самоуправа ќе изврши проценка“, објаснил Кркобабиќ.