Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец го избол својот колега на работното место и се дал во бегство

Полицијата трага по скопјанец кој го избол со нож својот колега, во фирма во селото Миладиновци.

Како што соопшти МВР, настанот се случил синоќа.

„Во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен Б.Л.(38) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека повредите му ги нанел неговиот колега Ш.Ш. од с.Свиларе, скопско, во фирмата во која работеле во с.Миладиновци, скопско.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК