35.8 C
Скопје
3. август 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Македонија Во тренд...

Маричиќ: Направивме се, тоа го признаваат и земјите-членки на ЕУ, но пријателската рака кон Софија не беше прифатена

„Направивме се, имаше интензивна дипломатска активност, но немаше расположение во Бугарија за кревање на рампата. Ние направивме апсолутно се и тоа го признаваат и земјите членки дека на подадената пријателска рака не беше возвратено. Не треба да се откажуваме од желбата оваа година да ги почнеме преговорите“ рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда, Бојан Маричиќ во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тој кажа дека не треба да се надеваме на чудо и носење на одлука за првата меѓувладина конференција овој месец.

„Тоа е големо разочарување на македонските граѓани и Владата, но и голем неуспех на Европската Унија и нивната политика на Западниот Балкан. Доброто е што 26 земји-членки изразиле негодување на позицијата на Бугарија и испратиле порака дека ЕУ е време да испорача и да ги почне преговорите“ рече Маричиќ.

Секретарот за меѓународна политика на СДСМ додаде дека сите евроскептици ги изнеле своите скепси во минатите години и нивните очекувања биле пресретнати и исполнети.

„Очекувањата на Франција за нова метдологија се исполнети, на Холандија за извештаи за реформи во правосудството се исполнети. Сите кои изразуваа негодување сега се на наша страна. Приемот кај претседателот Макрон во Париз и средбата со премиерот Руте и следењето на фудбалскиот наптревар со Холандија се доказ дека навистина застанаа на наша страна, дури и тие кои беа скептици во 2019 година“ рече Маричиќ.