Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги качи цените на струјата и на горивата до плафон, нафтата и со еколошката такса ќе биде најевтина

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува да тера лицемерие, да шири измислици, глумејќи загриженост за наводни поскапувања, а до плафон ги покачи цените на струјата и на горивата.

Цената на струјата беше покачена за 100% кога на чело на ЕЛЕМ беше најнеспособниот директор Христијан Мицкоски.

Токму за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и режимот на Никола Груевски граѓаните плаќаа најскапо гориво од осамостојувањето на државата.

Горивата во 2012 година ја достигнаа рекордната цена. Граѓаните се сеќаваат дека тогаш за литар Еуросупер 95 плаќаа 89 денари, за Еуросупер 98- 90,5 денари, а дизелот чинеше 73,5 денари.

Сега и со дополнителната еколошка такса од 3,5 денари нафтата ќе биде најевтина во регионот.

Борбата против загадувањето предизвикува финансиски импликации, а еколошките такси ќе бидат наменети исклучиво за зелени инвестиции и зелени работни места.

Од една страна, преку нив се поттикнува користењето на поеколошки енергенси во секојдневнието, а од друга, на овој начин се собираат средства за зелени инвестиции кои потоа имаат повеќекратен и долгорочен ефект за економијата.

Не смее да занемариме дека е многу поскапо справувањето со последиците од загадениот амбиентален воздух врз здравјето на луѓето.

Владата предводена од СДСМ спроведе низа мерки кои придонесоа загаденоста на воздухот и животната средина постојано да се намалува и таа да биде далеку помала во однос на четири години претходно.

Можеби ќе ве интересира

АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Разликата е околу 200 гласа, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

ДЕСК

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК