Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да внесе вознемиреност меѓу граѓаните, лажна вест е дека нема пасоши и лични карти, велат од СДСМ

Класична дезинформација на ВМРО-ДПМНЕ и неуспешен обид да внесе вознемиреност меѓу граѓаните е информацијата дека нема пасоши и лични карти велат од владејачката СДСМ во реакција на прес-конференцијата на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ

– Како што објави и Министерството за внатрешни работи, патни исправи од сите типови има во доволен број и се одговара на сите барања на граѓаните.

Поради пандемијата, речиси година и пол граѓаните не ги обновуваа патните документи и затоа сега има огромен наплив од барања за нови пасоши. За да им се излезе пресрет на граѓаните се донесе одлука за пролонгирање на важноста на пасошите за да можат сите непречено да патуваат во време на летните одмори.

Со цел побрза услуга на граѓаните, продолжено е работното време и воведено е и работење во викенд.

Услугите за граѓаните се достапни навремено, ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги и дезинформации, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +