6.8 C
Скопје
9. декември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија Локално

Почна да се гради булеварот до Драчево

Градот Скопје денеска го почна проширувањето и реконструкцијата на булеварот Борис Трајковски, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Марковарека пред Драчево. На овој потег со вкупна должина од 2.325 метри ќе се извршицелосна замена на стариот асфалт со нов, проширување од две на четириколовозни ленти, изградба на пешачки патеки од двете страни на булеварот ивелосипедска патека од едната страна. Kрстосницата пред мостот кај Драчево ќе биде заменета со кружен тек со дијаметар од 20 метри.
-Овој булевар е една од артериите во нашиот град, кон него гравитираат педесетина илјади жители и поради тоа сметам дека со изработката на оваа делница и тоа како ќе го олесниме и осовремениме животот во овој дел од градот. Дополнително, на булеварот Борис Трајковски, на делот што сега го работиме, ќе биде поставена нова канализациска мрежа – и атмосферска и фекална. Изградбата планираме да трае неполни две години, бидејќи овде имаме и експропријација и отстранување на оградите. Градежните работи ќе чинат 212 милиони денари без ДДВ, средства кои се предвидени во Буџетот на Градот Скопје- рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на градежните работи на овојзначаен булевар.Тој додаде дека во текот на оваа градежна сезона ќе се градат или реконструираат 11 градски сообраќајници, во неколку скопски општини.
– Ова всушност е почеток на летната градежна офанзива на Град Скопје, па ги замолувам граѓаните да имаат трпение додека се вршат реконструкциите. Ќе бидеме брзи како и секоја година, што всушност стана препознатливост на оваа градска администрација и моја, како градоначалник. Да ги почитуваме сообраќајните режими, бидејќи новата и квалитетна инфраструктура е гаранција дека Скопје чекор по чекор станува една поинаква приказна, дека Скопје чекор по чекор заличува на европска метропола – нагласи Шилегов. На почетокот на градежните работи за проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево, присуствуваше и градоначалникот на Општина КиселаВода, Филип Темелковски и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Можеби ќе ве интересира

Лилиана Танги: Европското подобро утре, им припаѓа на сите граѓани започнувајќи од Стразбур до Скопје

M T

Утре и задутре без струја повеќе делови на Скопје

M T

132 сообраќајни прекршоци во Скопје

M T