На 28.11.2026 во 15:10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 40-годишен жител на Скопје, на кое имало истакнато две знамиња на Голема Албанија со натпис „Autochtonous“.
На 28.11.2026 во 15:30 часот на Плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници забележале 21-годишен жител на с.Драчевица, скопско, кој во раката носел знаме на Голема Албанија со натпис „Autochtonous“.
На 28.11.2026 во 21:45 часот на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал 21-годишен жител на с.Сарај, скопско, а на кое имало истакнато знаме на Голема Албанија со натпис „Autochtonous“.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.


