Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Шамбевски: Владата со системски мерки за младите во образованието, вработувањето и станбеното осамостојување

Прес конференција на Борис Шамбевски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воспоставува системски пристап во креирањето и спроведувањето политики насочени кон младите, преку конкретни мерки, финансиска поддршка и законски решенија со кои се создаваат дополнителни можности за нивно економско осамостојување, образование и решавање на станбеното прашање.

Минатата година, преку Оперативниот план за вработување, за првпат беа воведени таргетирани мерки за младите лица, преку Програмата за самовработување со грант, во рамки на која беа отворени скоро 2.200 нови правни субјекти.

Исто така, годинава Оперативниот план за вработување опфаќа над 10.000 лица и располага со буџет од 40 милиони евра, од нив 32 милиони евра се наменети за директни мерки за вработување.  Опфатени се 6.000 лица до 29-годишна возраст, а предвиден е и младински додаток во износ од 3.000 денари.

Освен политиките за вработување, Владата работи и да го унапреди системот за финансиска поддршка на студентите преку нов модел на стипендирање. Со новиот модел се предвидува задржување на вкупниот број од 3.000 стипендии, но со поинаква распределба и категории, со цел поддршката да биде насочена кон различните потреби и образовните профили на студентите.

Па така, предвидени се 1.200 стипендии во категоријата за социјална поддршка, наменети и за студентите со попреченост и студентите со ретки болести. Се воведува категорија стратешки стипендии, со 1.050 стипендии за студентите кои се образуваат во области од особено значење за идниот развој на државата, меѓу кои математика, физика, хемија, земјоделство, шумарство, наставна биологија и рударство. Предвидени се и 750 стипендии за студентите кои остваруваат висок академски успех.

Со цел да се создадат услови за младите брачни парови, при решавање на станбеното прашање, веќе се подготвуваат закони.

Една од мерките се однесува на младите брачни парови до 35 годишна возраст и предвидува можност за стекнување станбен простор по цена најмалку 20 проценти пониска од пазарната. Градежните компании, кои ќе сакаат да градат, ќе имаат обврска да издвојат најмалку 10% од станбената површина за оваа категорија граѓани за да се овозможи пристап до станбен простор под поповолни услови.

Втората мерка е наменета за младите брачни парови до 35 години кои имаат намера да изградат сопствен дом. Се предвидува ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежното земјиште, односно комуналии кон општината.

За да се подобри студентскиот стандард и овозможување полесен пристап до услуги, се подготвува и ново законско решение за воведување студентска картичка. Со оваа картичка, студентите ќе можат да остваруваат 20% попуст за услугите достапни преку апликацијата М-услуги, во текот на целата година.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека грижата за младите ја преточува во конкретни дела. Продолжуваме да работиме на решенија кои ќе им овозможат на младите полесно да дојдат до работа, образование и сопствен дом, затоа што сакаме да имаат услови за подобар живот и својата иднина да ја градат во Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=DVxQHADxMBU

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии, сега Владата ги расчистува правните збрки на СДС и планира старт на изградбата на Клиничка болница Штип

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ЕВИДЕНТИРАЛА ТРИ СЛУЧАИ СО ЗНАМИЊА НА „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“ ВО СКОПЈЕ – Следуваат соодветни поднесоци

ДЕСК

ЖЕНА ПРИВЕДЕНА ВО ОХРИД – Пријавен физички напад врз малолетен член на семејството

ДЕСК