Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Силно невреме и град со големина на лешник го погоди Берово

Силно невреме попладнево го погоди источниот дел од Македонија, при што некаде наврна и град.

Според информациите топчиња град со големина на лешник го погодија и Берово, за што сведочат и видеата објавени на социјалните мрежи.

Денеска делови од Македонија беа зафатени од силно невреме проследено со пороен дожд, грмотевици и град. Впрочем денес и Скопје околу 1 час остана без струја поради уда од гром.

Метереолозите информираат дека до недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, а околу пладне и попладне на повеќе со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Можеби ќе ве интересира

НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА ВЕРАТА И МИЛОСРДИЕТО – Православните верници ги чествуваат Богородица Брзопослушничка и Света Матрона

ДЕСК

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК